Штипската сала за склучување на бракови ќе се реновира

Од:

Салата за склучување на граѓански бракови во зградата на општина Штип ќе се реновира. Штипскиот градоначалникот Илчо Захариев рече дека во наредните две недели граѓанските бракови ќе се склучуваат во големата сала на Советот на општина Штип.

– Салата треба да се препокрива, а треба да се сменат и фотељите, кои се оштетени. За две недели ќе успееме да ја реновираме. Известувањето до петте члена на Советот на општина Штип, кои ќе присуствуваат на чинот на венчавање е дека венчавките ќе се одржуваат токму во големата сала на Советот, рече Захариев.

Тој рече дека младите кои стапуваат во брак треба да имаат простор за еден свечен чин, како што е склучувањето на бракови. Штипскиот градоначалник додаде дека средствата за реновирањето на салата за венчавка ќе се обезбедат од бизнис секторот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници

Гори борова шума над филтер-станицата кај Штип

А1он

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски