А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Штипската полиција апелира да не се палат стрништа

by А1он27/06/2016 - 14:5487
Share0

Екипи на Секторот за превенција при СВР-Штип, Противпожарната единица и Шумската полиција денеска ги посетија селата на планината Плачовица во Општина Карбинци, со цел населението да го информираат и да бидат претпазливи при појава на шумски пожари.

Добивај вести на вибер

Началникот на Отсекот за превенција во Полициска станица во Штип при СВР-Штип, Ангелчо Стојановски истакна дека при извршениот увид констатирано е дека има доста голема вегетација која е во фаза на сушење. Затоа апелираат до сите да ги преземат превентивните мерки да не дојде до пожари на отворено.

– За време на изведување на жетвената сезона апелираме до граѓаните да не прават запалување на стрништата. Исто така им укажуваме на граѓаните дека палењето на огин на отворен простор на 200 метри од работ на шумскиот појас претставува прекршок, а согласно Законот за шуми казната е доста висока и изнесува 2.500 евра, вели Стојановски.

Според статистиката на Противпожарната единица во Штип минатата година биле регистрирани 82 пожари на отворено, од кои над 40 се запалени стрништа, кои можат да предзивикаат и шумски пожари, доколку не се контролираат. Запалените стрништа преставуваат опасност и за возачите на регионалните и магистрални патишта, минатата година поради запалено стриниште на регионалниот пат Свети Николе-Куманово поради намалената видливост беше предизвикана сообраќајна несреќа, едно возило во движење се запали, со што во опасност беа доведени учесниците во сообраќајот.

mvr

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он28/03/2026 - 20:2528/03/2026 - 20:10

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он28/03/2026 - 15:50

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Предраг Петровиќ27/03/2026 - 16:29

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Горан Наумовски23/03/2026 - 13:16

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ20/03/2026 - 21:1220/03/2026 - 21:14

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Предраг Петровиќ14/03/2026 - 12:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто