Штипската клиничка болница ќе добие две нови возила

Од:

Во штипската Клиничка болница утре ќе се промовираат двете нови амбулантни возила, кои преку грант од Јапонската амбасада ги обезбеди Центарот за развој на Источен плански регион (ИПР).

Александар Николов координатор на проектот при Центарот за развој на ИПР, вели дека преку Програмата Грасрут проекти за човечка безбедност се обезбедени двете нови амбулантни возила.

– Со новите возила значително ќе се подобри возниот парк на болницата, но и ќе се пружи соодветна медицинска нега на жителите од Источниот и Вардарскиот регион. Новите амбулантни возила во вредност од 40.262 евра се со целосна опрема, со што целиот транспорт и нега, кај пациентите ќе биде на многу повисоко ниво, вели Николов.

Преку Програмата Грасрут проекти за човечка безбедност до сега Општина Штип има искористено 191.783 евра, а општините во Источниот плански регион повеќе од половина милион евра. Од оваа програма парични средства за реконструкции на објектите имат добиено регионалното Државно средно училиште за специјално образование и воспитание „Искра“- Штип, Средното медицинско училиште „Јане Сандански“ – Штип и Основното „Ванчо Прќе“ во Делчево.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он