Штипската Клиничка болница ја објави одлуката за вработување медицински кадар

Од:

Штипската Клиничка болница (КБ) пред два дена ја објави одлуката, кои лица се примени на огласот за вработување, а во моментот течат роковите за жалби во однос на одлуката, информираше на денешната прес-конференција директорот на КБ-Штип, Ален Ѓеорѓијев.

– Ако се биде како што треба, би требало при крајот на наредната недела да ги потпишеме договорите, со оние избрани кандидати, од јавниот оглас, вели Ѓеорѓијев.

Огласот беше распишан за вработување на 51 лице, од вкупно 12 профили, а на него аплицираа над 130 кандидати не само од Штип, туку и од останатите градови во источниот регион.

– Најголем дел примаме медицински сестри и лекари. Значи доминатно во овој оглас се тие. Примаме 20 медицински сестри, 12 лекари и останатите се технички кадар и болничари. Меѓутоа медицински сестри и лекари имаме најголем број, вели Ѓеорѓијев.

Забележува дека и понатаму имаат недостаток од медицински сестри и лекари, а испразнетите места ќе можат да се пополнат со уште еден ваков оглас, со цел регионалната болница да функционира нормално.

Ѓеорѓијев истакна дека на тој начин ќе немаат прекувремена работа на медицинскиот кадар и се надева дека во текот на наредната година ќе имаат уште еден ваков оглас за вработување во Клиничка болница-Штип, која дава здравствени услуги на пациентите, од општините од источниот и на дел од југоисточниот регион.

Би можело да ве интересира

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он

Во штипската Клиничка болница донесено мртво новороденче, неговата мајка го родилa во двор

Обвинителството бара притвор за осомничен кој изврши полови дејствија врз малолетни девојчиња во Штип

Притворен е раководител на образовен центар во Штип, допираше по телото ученички

Горан Наумовски

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан во Штип

ВИДЕО: Вандализирано најголемото штипско училиште „Ванчо Прќе“, наставата прекината

Катерина Ѓуровски