Штипската изборна комисија се уште не примила ниту една кандидатура за градоначалник и за советници

Од:

Ниту една кандидатура за градоначалник или за советници досега не е доставена до Општинската изборна комисија во Штип, информира за МИА, Виктор Вацев, претседател на ОИК-Штип. Рокот за доставување на кандидатури истекува утре на полноќ. Очекува во текот на денешниот или утре до полноќ партиите и коалициите да ги достават кандидатурите за градоначалници и за советници.

-Засега останува да имаме 80 избирачки места во Општина Штип, нема промени. Тековно се даваат решенијата на членовите на избирачките одбори, кои се нови. Очекуваме и насоки од Државната изборна комисија, кога ќе бидат обуките за новите членови на избирачките одбори, вели Вацев.

Во Општинската изборна комсија во Штип ќе имаат дежурен тим до полноќ, кој треба да ги чека кандидатурите на партиите и коалициите за градоначалник и советници во Советот на Општина Штип, а кои ќе се изберат на претстојните Локални избори.

Би можело да ве интересира

ДИК одлучува по приговори од вториот круг на изборите за градоначалник на Дебар

Ана Ололовска

Избори за градоначалник на Дебар: Дука од ДУИ – 4.291 глас, Поцеста од АА/А – 4.153

А1он

Хекуран Дука го победи Беким Поцеста во Дебар за 138 гласа

Катерина Ѓуровски

Дука прогласи победа во Дебар

Ана Ололовска

Во Дебар затворени гласачките места

Ана Ололовска

Во Дебар се зголемува излезноста на гласачите

Ана Ололовска