Штипската изборна комисија се подготвува за референдумот

Од:

Општинската изборна комисија (ОИК)-Штип почна со подготовките за спроведувањето на референумот на 30 септември. Претседателката на ОИК-Штип, Сенка Андреева вели дека ќе се формираат вкупно 77 Избирачки одбори наместо 80, заради припојувањето на жителите од три штипски села, каде има помалку од 10 гласачи, кон најблиското избирачко место.

Исто така, избрани се и нови членови во Избирачките одбори, кои доаѓаат на местата на државните службеници, кои заминале во пензија.

– Околу 40-тина луѓе заминаа во пензија. Тие не смеат да учествуваат во ваква ситуација, како што е изборниот процес, додаде Андреева.

Избирачките одбори на претстојниот референдум имаат вкупно шест членови, бидејќи се работи за референдумско изјаснување, а не за изборен процес, политичките партии не можат да делегираат свои претставници.

-Излезе Правилник, според кој немаме политички партии во избирачките одбори. Значи, ако беа 10 души, четворица излегуваат, остануваат само шест, вели Андреева.

Избирачките одбори ќе бројат вкупно 462 лица, а не 800 како на последните локални избори и сите членови ќе бидат од редовите на државната администрација.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он