Штипска Апелација идната недела ќе донесе одлука по жалбата на Марјанчо Велев осуден на доживотен затвор за извршени две убиства

Од:

Во штипскиот Апелациски суд денеска се одржа јавна седница за случајот на 56 – годишниот Марјанчо Велев од струмичкото село Добрејци, кој на 22 октомври 2020 година во Основниот суд во Струмица доби казна доживотен затвор за извршени две убиства врз Александар Мицев и Ристо Иљашов, а кој по извршените дела едниот го ставил во буре, а вториот во метален резервоар и ги фрлил во браната Турија.

Претседателката на Апелицски суд-Штип, Корнелија Давчева за МИА вели дека денеска на јавната седница на којашто присуствуваше петчлениот Судски совет, бранителот на Велев првостeпената пресуда ја напаѓал по сите жалбени основи и предложил да се укине пресудата и постапката да се врати повторно во првостепениот суд. Додека Вишиот јавен обвинител жалбата на бранителот ја одбил како неоснована, тој побарал да се потврди пресудата донесена од првостепениот суд, односно од Основниот суд во Струмица.

Давчева вели дека бидејќи станува збор за голем предмет Судскиот совет на Апелацискиот суд повторно ќе има советување, по што ќе се донесе одлуката. Очекува наредната недела веќе да ја имаат донесено одлуката за овој случај.

Би можело да ве интересира

Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо

Во штипско Ново Село одбележани 101 година од убиството на Тодор Александров

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

Уапсени тројца штипјани, криеле автоматски пушки и муниција

Горан Наумовски

65-годишна штипјанка со нож го ранила шест години постариот сопруг

Горан Наумовски

54-годишен штипјанец со нож си ја убил мајката

Горан Наумовски