Штипјани учат како да станат успешни претприемачи

Од:

Преку бесплатни обуки од областа на финансиите, менаџментот и маркетингот, Општина Штип ќе се обиде од штипјани да направи успешни претприемачи. Станува збор за проект што Општината го реализира во соработката со Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, а ќе трае во следниве два месеци.

„Проектот ‘Бесплатни обуки за теоретски и практични знаења и вештини на претприемачи од областа на финансиите, менаџментот и маркетингот’ има цел да обезбеди развој на претприемништвото како на локално така и на национално ниво. Учесниците ќе имаат можност да научат одредени менаџмент-алатки, кои ќе им помогнат да започнат нов бизнис или да го унапредат веќе постојниот, како и правната регулатива поврзана со основање и функционирање на трговските друштва“, изјави Тамара Јованов – Марјанова, професор на економскиот факултет на УГД.

IMG_0603

Од вкупно 60 пријавени на конкурсот што општината го распиша пред 10 дена, избрани се 30 лица на возраст од 18 до 40 години. Според Јованов-Марјанова условите за избор биле старосната граница, степенот на образованието, како и познавањето странски јазици.

Од општината велат дека ваквиот проект е основа за создавање на „бизнис-инкубаторот“, но и за основање на консултантска канцеларија, која наскоро треба да биде отворена во рамки на општината.

Ова е втор проект на општината во изминативе три години кој има цел да им овозможи поголема конкурентност на граѓаните на пазарот на трудот. Преку првиот проект штипјани имаа можност бесплатно да ги изучуваат странските јазици.

М.Р.

Би можело да ве интересира

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он

Во штипската Клиничка болница донесено мртво новороденче, неговата мајка го родилa во двор