Штипјани дел од музичкиот хепенинг во филмот „Лазар“

Од:

Штипјани во наредните неколку дена ќе имаат можност одблизу да го проследат снимањето на дел од сцените на филмот „Лазар“ во режија на Светозар Ристовски и Грејс Лија Трое, а ќе имаат можност да бидат и дел од него.

Филмот е приказна за 25-годишниот Лазар и 32-годишниот Тони, чија тешка економска состојба ќе ги втурне во нелегалниот свет на шверцување мигранти. Сосема несвесно, тие ќе се претворат во луѓе што најмногу ги презираат своите татковци. Жанровски филмот е современа, психолошка кримидрама и се случува во транзицискиот период во посткомунистичка Македонија.

Според режисерот Светозар Ристовски, Штип е град што архитектонски многу му одговара на периодот и на случувањата што се обработуваат во филмот, а една од причините за изборот на Штип како локација е досегашната добра соработка што ја имале со Општината, како и гостопримливоста на штипјани.

IMG_0139

Ќе се снима на повеќе локации, меѓу кои е улицата „Ванчо Прке“, која се наоѓа во строгиот центар на градот, месноста попозната меѓу штипјани како „Промаја“, населбата Стара конак и во куќа во подножјето на Исарот, која ја отсликува автентичноста на посткомунистичкиот период.
„Сцената што планираме в понеделник да ја снимиме на улицата ‘Ванчо Прке’ ќе биде манифестација што се случува во приказната, односно голема сцена што бара многу луѓе. При снимањето ќе се одржи концерт на една позната балканска група, а која – засега ќе остане тајна. Затоа бараме од граѓаните да учествуваат во снимањето на оваа сцена“, изјави режисерот Светозар Ристовски.

IMG_0133

Снимањето на оваа сцена започнува во понеделник во 20 часот, поради што сообраќајниот режим во овој дел од градот ќе биде променет.

Главната женска улога во филмот ја игра младата актерка Наташа Петровиќ, која е штипјанка, а синот на главниот лик, Лазар, го игра младиот Кристијан Димитров, исто така од Штип, што би требало да биде поголем мотив штипјани да се вклучат во снимањето на филот.

М.Р.

Би можело да ве интересира

Со автомобил удрил во маса на која седела жена и нејзиното семејство, потоа настанала тепачка

Сообраќајка во Штип: Со автомобил удрил во три паркирани возила, а повредил и пешак

Горан Наумовски

Во Штип се одбележаа 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта „Треблинка“

Кривична пријава против 26 лица, го оштетиле Буџетот на општина Штип за над 18 милиони денари

Штипјанец физички ја нападна поранешната девојка и нејзиното момче

А1он

Најдена дрога при претрес на куќа во Штип, меѓу приведените и 22 годишна девојка

А1он