Штип: Запален „мерцедес“ на скопјанец

Од:

На шеесет и деветгодишниот скопјанец Д.Д, кој бил на гости во Штип, му е запален автомобил „мерцедес“.

Според полицијата во Штип, сторителите првин ја скршиле возачката врата, а потоа уфрлиле ткаенина премачкана со запалива течност, како и дел од автомобилска гума.

Огнот го забележале случајни минувачи, кои заедно со соседите не можеле да го изгаснат. Речиси целосно изгорела внатрешноста на автомобилот.

Полицијата работи на расветлување на случајот и на откривање на сторителите.

Би можело да ве интересира

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски