Штип со реки солзи се прости од трите загинати момчиња

Од:

Со солзи во очите и огромна тага семејствата, роднините пријателите и соучениците се простија од трите момчиња Јани Димитриев, Стефан Николов и Бојан Бочварски, кои загинаа во тешката сообраќајна несреќа што се случи пред патарината кај Петровец во неделата вечерта.

Завиени во црно, нивните родители и некогашните соученици палеа свеќи и се потпишаа во книгата на жалост на комеморацијата што се одржа во гимназијата „Славчо Стојменски“ каде најмладиот Димитриев бил матурант, а останатите двајца завршиле средно училиште, пренесе Телма.

Сепак, наместо со молчење, трите млади момчиња беа испратени со аплауз од нивните најблиски.

Трагично загинатите другари, како што велат штипјани, потекнуваат од угледни семејстрва, биле одлични ученици и примерни млади луѓе кои ги познавал целиот град. Затоа, веста за нивната смрт ја примиле со неверување, низ штипските улици се забележуваше тагата, а кафулињата беа празни.

Инаку сообраќајната несреќа се случи во неделата помеѓу 17.30 и 23 часот. На 200 метри пред патарината, каде има неколку предупредувачки знаци за намалување на брзината, тие излетале од десната коловозна лента и пропаднале во каналот, а сите тројца починале веднаш.

Би можело да ве интересира

Во штипско Ново Село панихида за Тодор Александров, се одбележаа 102 години од неговото убиство

Штип е без вода, филтер станицата e исклучена поради екстремна заматеност од синоќешното невреме

Горан Наумовски

Се претставил како директор, па ја измамил за илјадници евра

Горан Наумовски

Клековски: Формирана e комисија за надзор над случајот со родилката од Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци

Горан Наумовски

38-годишен штипјанец почина во својот дом

Горан Наумовски

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници