Штип распиша нов тендер за бесплатен превоз на ученици

Од:

Штип го намалува долгот за бесплатниот превоз на ученици од соседните општини, но поради високите цени кои ги нудат транспортните фирми тендерската постапка е поништена.

– Во моментот Општина Штип е во процес на распишување нова постапка. Во меѓувреме, поради итноста која произлегува од природата на предметот на набавка е спроведена постапка со преговарање од причини од крајна итност. Постапката која се спроведува за овој тип на услуга завршува со склучување рамковна спогодба согласно која во текот на нејзината важност секој договорен орган склучува посебни договори со економските оператори, изјави Кристина Костова, советник за информирање во Кабинетот на градоначалник на Општина Штип.

Таа посочи дека вкупната проценета вредност на постапката за рок од две години, согласно Планот за јавни набави за 2018 година, изнесува 16 милиони денари. Забележува дека како општина повторно се соочуваат со високите цени кои транспортните фирми ги нудат за одредени дестинации.

Линијата Штип-Парналија-Кучица досега не беше покриена, бидејќи операторите бараа високи цени, односно 7.000 денари од ден. Со последното преговарање заради причини од крајна итност е постигната цена до завршување на учебната година од 3.250 денари на ден.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он