Штип по 25 години добива кино

Од:

Во Општинскиот мултимедијален центар „Киро Глигоров“ денеска и официјално се одржа првата кино проекција на Киноверзум. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов истакна дека навистина е задоволство што после 25 години во Штип има кино.

-Дваесет и пет години граѓаните во Штип бараа да се отвори кино сала, затоа заедно со Киноверзум направивме соработка, го отстапивме просторот на мултимедијалниот центар Киро Глигоров за да се проектираат најновите филмови. Се надевам и очекувам штипјани да ја посетат ова кино сала која е една од најсовремените со најсовремена проекција на филмови, вели Јорданов.

Михаела Ѓорчева, основач на Киноверзум, посочи дека ова е прв ласерски проектор со којшто очекуваат врвен квалитет на слика.

– Нормално ги носиме најдобрите и најновите филмови во Киноверзум во Штип. Штипјани може да очекуваат секој четврток нови проекции. Наскоро доаѓаат Копенхамер, доаѓа Барби, така што се надеваме дека 2023 година ќе биде година на добри филмови. Цената на влезниците е 200 денари, а имаме попусти за нашите клуб членови. Инвестицијата досега надминува 100 илјади евра за салата во Штип, вели Ѓорчева.

Во Штип денеска беше поставен и камен темелник на новата катна гаража која ќе биде лоцирана позади Центарот за култура „Ацо Шопов“. Градоначалникот на Штип, Јорданов посочи дека Општина Штип парите на граѓаните одлучи да ги инвестира и во катна гаража на две нивоа.

-Вкупната инвестиција е 11 милиони денари, рокот на изведба е 60 дена. Очекувам во овој временски рок да се заврши, 56 паркинг позиции се предвидени на самата гаража. Ова не е крајна цел затоа што ќе продолжиме во наредните месеци и со дополнителни две катни гаражи во централното подрачје втората катна гаража која ќе почне практично да се гради е помеѓу стоковната куќа „Нама“ и првата станбена зграда веднаш до неа, а третата катна гаража е веднаш кај зградата „Промаја“ која што е едно тесно грло во градот, има потреба од повеќе паркинг позиции, рече Јорданов.

Тој додаде дека се работи на проширување на главните сообраќајници и „Васил Главинов“ и „Маршал Тито“, на нов мост на река Отиња.

-Кога ќе се заврши ова како целина до крајот на годината верувам дека значително ќе се подобри состојбата со сообраќајниот мтеж во централното градско подрачје, вели Јорданов.

Би можело да ве интересира

Со автомобил удрил во маса на која седела жена и нејзиното семејство, потоа настанала тепачка

Сообраќајка во Штип: Со автомобил удрил во три паркирани возила, а повредил и пешак

Горан Наумовски

Во Штип се одбележаа 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта „Треблинка“

Кривична пријава против 26 лица, го оштетиле Буџетот на општина Штип за над 18 милиони денари

Штипјанец физички ја нападна поранешната девојка и нејзиното момче

А1он

Најдена дрога при претрес на куќа во Штип, меѓу приведените и 22 годишна девојка

А1он