Штип: Нападнат возач на „Југ Турист“ од Куманово

Од:

Педесет и седум годишен жител од Куманово, кој управувал комбе „Фиат Ивеко“ сопственост на „Југ Турис“, вчера на улицата Гоце Делчев, во Штип бил нападнат од непознато лице.

Додека  стоел на автобуската постојка, едно лице побарало бесплатно да биде пренесено до Свети Николе.

Возачот го одбил барањето и непознатото лице го испрскало со спреј во очи, ја искршило бравата на вратата и го напукнало предното ветробранско стакло, по што побегнало.

На нападнатиот веднаш му била укажана лекарска помош во медицинскиот центар во Штип, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на насилникот.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата