Штип до крајот на годината ќе го добие новиот проект за брана на Отиња

Од:

Општина Штип и Градежниот факултет во Скопје и Градежниот институт „Македонија“ ќе потпишат нов анкес договор за ревидирање за проектот за изградба на брана на река Отиња. Штипскиот градоначалник, Благој Бочварски појаснува дека пред 15 години е потпишан договорот, кој чинел 41.000 евра, а новиот анекс договор чини околу 12.000 евра, средства обезбедени од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

– Целата проектна документација треба да се преработи, иновира, да се препечати и да се доведе во состојба за градежно одобрение денеска во 2018 година, вели Бочварски.

Ревидирањето на проектот со сите потребни елементи кои ги бара Министерството за транспорт и врски и сите останати документи ќе бидат готови до крајот на годината, со што веднаш ќе се побара и градежната дозвола за изградба на оваа акумулација, која за штипјани ќе претставува место за рекреација, но и континуирано да се има вода во коритото на реката Отиња што минува низ централното градско подрачје.

Средства за изградба ќе се бараат преку грантови, заеми и од централната власт. Според стариот проект, изградбата на мини акумулацијата чини околу 2,5 милиони евра, но новиот проект треба да ја даде точната вредноста на овој капитален објект.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он