Штип ќе добие нов Генерален урбанистички план

Од:

Општина Штип распиша тендерска постапка за изработка на нов Генерален уранистички план (ГУП). Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски истакна дека од општинскиот буџет предвидени се над пет милиони денари со ДДВ, за изработка на оваа урбанистичка документација, која ќе одреди во која насока ќе се развива градот, но и каде ќе се градат нови фабрики, станбени згради и куќи.

–Во изминатиот период имаше еден обид за почнување на избработка на генерален план, но тој беше запрен поради тоа што немаше распишано тендер и беше спорна постапката по којашто беше започнат. Сега ја започнуваме постапката. Очекуваме да се јават повеќе компании за реализација на овој план. Пријавувањето на компаниите е до 4. декември, а потоа ќе следи и електронска аукција, вели Бочварски.

Инаку, ваков план не е донесен веќе 20 години. Предвидено е со новиот ГУП, градот Штип да се простира на површина од 2.292 хектари. Со неговата изработка ќе се решат и проблемите со деталните урбанистички планови за одредени делови од градот, а ќе има и нови сообраќајни решенија. Врз основа на изготвениот Извештај за стратегиска оценка на животната средина за новиот ГУП, во Штип и во наредниот период не е предвидено да се гради тешка и загадувачка индустрија.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он