Штип и Пласница уште во првиот круг избраа нови градоначалници

Од:

Сашко Николов и Али Јаоски и официјално се новите градоначалници на Штип и на Пласница, со мандат од девет месеци, се до редовните Локални избори во 2021 година. Државната изборна комисија околу еден часот по полноќ ги објави резултатите од избирачките места.

На изборите за градоначалник гласале 14.240 граѓани. Обработени беа 79 од вкупно 81 избирачко место, вклучувајќи ги овде и гласачките места во казнено-поправните институции. На овие избирачки места гласале 14.077 граѓани, од кои 11.435 за кандидатот на СДСМ, Сашко Николов или 80,30 % од гласачите, за Симон Поликарп, кандидат на Интегра гласале 1.173 или 8,24 %, неважечки ливчиња има 805 или 5,65 %.

Во Општина Пласница вчера правото на глас можеа да го исполнат 4.954 граѓани на девет избирачки места, цензусот за успешни избори беше исполнет вчера во 15 часот, кога ОИК Пласница објави дека на гласање излегле над една третина од вкупниот број на избирачи. Според податоците на Државната изборна комисија, Јаоски добил 1. 696 гласови, а неговиот противкандидат Рамазан Шерифовски 231.

Реакција за вчерашните избори пристигна од ВМРО ДПМНЕ. Во соопштението до медиумите наведоа дека излезност од 34,3 проценти е пораз за Заев. Обвинија дека на изборите во Штип се користеле најразлични методи на уцени и притисок, закани и поткуп за да биде постигнат цензус.

Предвремените избори за градоначалник на Штип беа спроведени по назначувањето на Благој Бочварски за министер за транспорт и врски. Според Општиннската изборна комсија изборите поминале со почитување на здравствените протоколи и без проблеми на гласачките места.

Би можело да ве интересира

Сашко Николов официјално градоначалник на Општина Штип

Ана Ололовска

ДИК ги објави конечните резултати: Сашко Николов има најмногу гласови на изборите во Штип

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Во Штип вчера имаше мафијашки и талибански избори

Жарко Настоски

Јорданов: Во Штип имаше мафијашки избори, само за Заев да спаси власт, вршеше притисоци и уцени

Ана Ололовска

Николовски: Без притисоци и закани како во едно режимско време, граѓаните застанаа зад одличен кандидат

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Заев: Народот кажа „да“ за одговорност и „не“ за блокади, бојкот, хистерии

Кристијан Ландов