Штип го бележи вториот случај на повторување на коронавирусот кај маж

Од:

Во Штип е регистриран втор случај на повторување на коронавирсуот кај маж вработен во една конфекција во градот. Марија Димитрова, директор на Центарот за јавно здравје-Штип вели дека работникот првиот пат би позитивен пред неколку месеци, а бил откриен при масовното тестирање во текстилните конфекции.

Првиот пат тој бил асимптоматски, додека деновиве појавил поблаги симптоми на вирусот, по што бил тестиран и били позитивен на коронавирусот.

Претходно во првиот случај 46-годишен маж беше позитивен, а по неколку месеци се заразил по контакт од текстилниот калстер и заврши во болница.

За разлика од пред неколку месеци Штип има пад на активните случаи и поголем број оздарвени.

Деновиве се појавиле позитивни случаи во две фирми во Штип, од кои една е текстилна. Димитрова вели дека останатите случаи кои се појавиле изминатите денови се контакти, а имале и цели семејства кои се заразиле по годишниот одмор.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска