А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Штип формира претпријатие за гасификација на индустриските зони и градот

by А1он17/12/2012 - 14:27220
Share0

Во Штип почна постапката за формирање ново јавно претпријатие, кое ќе биде одговорно за гасификација на градот и индустриската зона. Претседателот на Комисијата за урбанизам при Советот на Општина Штип, Бојан Кереместевски рече дека од денеска стартува процедурата на создавање на ЈП „ Енерго-Штип“, а во кое за почеток ќе има двајца вработени.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Ова јавно претпријатие ќе биде со управувачки орган, односно со управен и надзорен одбор. Висината за влогот е 5. 000 евра кои се обезбедени од буџетот на Општина Штип, а првичната сума за формирање на оваа јавно претпријатие е 900.000 денари. Функцијата на ЈП „Енерго–Штип му е приклучување на гасоводот, рече Керемествевски.

Градоначалникот на Општина Штип, Зоран Алексов рече дека донесувањето на Предлог-одлуката за формирање на ЈП „Енерго-Штип од страна на советниците во Советот на Општина Штип ќе биде една од најзначајните точки и тоа на последната седница.

-Вработените во ЈП „Енерго-Штип“ на самиот почеток ќе имаат за задача да ги подготват сите студии, материјали и да ги направи сите анализи за трасите на гасот каде би можел да поминува. Потоа која би била влезнатата цена на гасот, рече Алексов.

Следете a1on на Youtube YouTube

Тој рече дека на средбата со претставниците на бизнис заедницата во Штип покажала дека овој проект е прифатлив и добредојден за индустрриските зони во градот, а исто така и општинските институции и училишта ќе имаат голема заштеда за енергијата.

stip

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници

Катерина Ѓуровски22/07/2026 - 12:46

Гори борова шума над филтер-станицата кај Штип

А1он04/07/2026 - 20:0904/07/2026 - 20:10

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Горан Наумовски21/06/2026 - 12:32

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски18/06/2026 - 14:2018/06/2026 - 14:20

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски12/06/2026 - 14:1612/06/2026 - 14:18

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски11/06/2026 - 08:2511/06/2026 - 08:40
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео