Министерството за транспорт и врски по вторпат распиша повик на кој го нуди земјиштето на скопскиот плоштад, или местото каде првично требаше да се гради црквата Св. „Константин и Елена“ во центарот на градот. Откако првиот повик беше поништен, денеска е последниот ден кога заинтересираните треба да се пријават за да бидат дел од елктронската аукција која ке се одржи на 15. октомври.
Почетната цена за метар квадратен транспот и врски го процениле на 6.000 денари, а заинтерисираните компании ќе лицитираат електронски.Според критериумите на министерството за транспорт и врски оној кој ќе го купи земјиштето треба да изгради зграда во барок стил-приземје плус три ката со максимална висина од 16 метри.
Бурни реакции во јавноста предизвика можноста на ова место да се изгради црква која порано била на плоштадот но по реакција на ИВЗ црквата доби нова локација, а на истото место сега транспорт и врски предвидува нова зграда во барок стил или „Шпански скали“.
На последната седница на општина Центар оваа идеја беше одбиена од мнозинството советници, или „Шпански скали“ да се дел од Мал Ринг. Градоначалникот Андреј Жерновски посочи дека нема да дозволи уште една зграда на плоштадот.
Доколку се јават заинтересирани компании да го купат земјиштето, тоа би значело дека би се уништила уште една зелена површина во центарот на градот, поточно на плоштадот-местото каде е родена Мајка Тереза или семјната куќа која е овековечена и со спомен плоча.
Бојан Стојановски