Шокантни податоци: 14.000 основци имаат лошо држење или искривување на ’рбетот

Од:

Шокантни се податоците добиени од Институтот за јавно здравје. Секој трет ученик или 14.000 основци и над 10.000 средношколци имаат лошо држење или искривување на ’рбетот.

Институтот за физикална медицина и рехабилитација преку националната програма за јавно здравје на Министерството за здравство во општините Центар и Карпош започнува проект за детектирање на состојбата со држењето и деформитетите кај учениците.

Покрај редовните годишни систематски прегледи на учениците, специјалисти физиатри од Институтот ќе спроведат дополнителни прегледи за рана дијагноза кај училишните деца од 6 – 9 одделение и детекција на лошото држење и деформитетите со цел функционалната сколиоза и кифоза да не преминат во посериозна форма.

Децата кај кој ќе се констатира деформитет ќе бидат вклучени во програмата вежби во базен.

Десет часа ќе се вежба во базенот во Институтот за физикална медицина и рехабилитација под надзор на физиотерапевти и наставници по спорт за да се корегира лошото држење, се вели во соопштението на Општина Центар.

Проектот започна денеска во ООУ „Гоце Делчев“ во Центар, со прегледот на ’рбетот на децата од страна доктор физиатар.

На почетокот на проектот беше и градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.

Присутните апелираат до родителите активно да се вклучат во реализацијата на овој проект и многу сериозно да сфатат дека ваквите прегледи и третмани се во полза на здравјето на нивните деца, соопштуваат од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски