Шофер на 24-ка претепа човек, му ја удирал главата од прозорците во возилото

Од:

Вечерва после 22 часот во автобус на ЈСП со број 24 се случил тежок инцидент во кој возачот крвнички претепал патник, дознава „А1.он“, од сведоци на немилиот настан.

Се започнало со тоа што во автобусот не работела климата и било задушливо. Сега претепаниот патувал заедно со неговата бремена сопруга. Таа го замолила сопругот да го замоли возачот ако може да пушти клима бидејќи внатре не се дишело. Кога сопругот го замолил возачот, токму тој, видно изнервиран станал и започнал кавга со патникот.

Расправијата во едне момент преминала во крвничко тепање на патникот. Сведоците од автобусот велат дека возачот го фатил сопругот за раменици и му ја удирал главата од прозорите. Крв шиштела на сите страни. Исплашената сопруга по телефон ја алармирала полиција.

Од скопската полиција за „А1.он“ велат во текот на утрешниот ден ќе имаат повеќе детали за јавноста.

Би можело да ве интересира

За Бадник и Божик автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Автобусите на ЈСП денеска возат по неделен возен ред

Горан Наумовски

Тешко повреден маж од Скопје, паднал во автобус на ЈСП

ЈСП-Скопје тврди: Жичницата на Водно е безбедна, во моментот се врши сервис

Левица: 11 милиони денари наместо во ЈСП, ќе завршат во џебот на фирма блиска до Јанушев

А1он