Шлемовите не ги заштитија од сеирот и потсмевот

Од:

Лавина од критички исмејувања на социјалните мрежи предизвика посетата на владината свита на воениот полигон на Криволак. Коментарите главно се однесуваат на фотографиите каде што со шлемови на главите и двогледи во рацете министерката за одбрана Радмила Шекеринска, претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Бјуар Османи, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски сериозно ја следат воената вежба.

Прашањата се однесуваат на тоа доколку шлемовите ги носат од безбедносни причини, зошто тие немале и панцири и слична опрема.

„Одамна шлемови не ме засмејале како вчера“, пишуваат граѓаните на социјалните мрежи, зачинувајќи го вчерашниот настан со комични фотографии.

Коментарите се движеа оттаму дека Шекеринска го држела шлемот како да држи круна, па дотаму дека шлемот на Пендаровски е закопчан од обратната страна.

„Ќе ти пишам после, ме донесоа на некоја воена вежба“, пишуваа граѓаните на Фејсбук, постирајќи фотографија од вицепремиерот Османи кој праќа пораки на мобилниот телефон со шлем на главата.

„Јас, како ја чекам платата на третиот ден од месецот“, ќе напише некој на социјалните мрежи, објаснувајќи ја фотографијата што следува.

Во продолжение следуваат дел од фотомонтажите кои кружеа на Фејсбук по посетата на владината делегација на Криволак.

Дел од граѓаните правеа фотомонтажи претставувајќи дека владините претставници со двогледите го лоцираат датумот за старт на преговорите со ЕУ,  а дел пак, дека тие гледаат во поранешниот премиер, азилант во Будимпешта, Никола Груевски.

Овој обид на Владата со кој требаше да се покаже сериозноста на Северна Македонија и нејзиното членство во НАТО очигледно предизвика контраефект.

Од коментарите може да се заклучи дека недовербата длабоко произлегува од слабоста на институциите да се справат со апсењето на екс премиерот во бегство, и низата политички мерки кои државата ја ставија во историска и политичка инфериорност.

Ана Василевска

Би можело да ве интересира

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски

Оброците за АРМ се 100% исправни, соопшти фирмата која ја подготвува храната