Шкријељ: Сите пратеници да гласаат за измените на Законот со кој минималната плата се зголемува на 18.000 денари

Од:

“Денеска на Комисијата за труд и социјална политика на дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за минимална плата, со кои создаваме услови минималната плата да изнесува најмалку 18.000 денари. Веќе од први април околу 80.000 работници ќе добиваат плата повисока за скоро три илјади денари, изјави на денешната прес конференција пратеничката на СДСМ Санела Шкријељ.

Таа додаде дека со ова последно зголемување, за само четири и пол години, минималната плата ја зголемивме од 8.800 денари на 18.000 денари, односно за повеќе од 100 отсто.

Овој Закон обезбедува извесна иднина за сите работници бидејќи, со воведувањето на новиот критериум за пресметување на минималната плата, таа не може да биде пониска од 57 проценти од висната на просечната плата, изјави Санела Шкријељ.

Таа ги повика сите пратеници, да ги поддржат овие измени на Законот, тие да бидат донесени што е можно побрзо, затоа што се работи за подобрување на стандардот на 80.000 наши сограѓани, се работи за унапредување на нашата домашна економија.

Како парламентарно мнозинство, продолжуваме со реализација на мерки и политики кои значат вложување во луѓето, во подобриот стандард и повеќе пари во сексе семейство, додаде Шкријељ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ако Алта банка е во одлична форма, како што велеа, зошто сега треба да се спасува

Филипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб?

Бројките се немилосрдни и ги демантираат СДС, ДЗС вчера објави дека реалната нето-плата во септември пораснала за над 5%

СДСМ: Крпен живот, кошничката се доближи до 71.000 денари – само за храна се потребни 26.000 денари

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка

(ВИДЕО) СДСМ со амандмани бара 2.500 денари повеќе месечно за студентски оброк и стипендии од 8.000 денари