Шкријељ: Раководството на СОНК дејствува уценувачки на штета на учениците, наставата мора да продолжи

Од:

Повеќе од десет дена децата се надвор од образовниот процес и тоа во период кој е исклучително важен за учебната година, но и за уписите на полуматураните и матурантите. Раководството на СОНК, на двапати одбива предлог за зголемување на платите, како и нов Општ колективен договор за континуиран раст на платите во образованието и детската заштита и сето тоа во најголема глобална економска криза рече на прес конференција пратеничката на СДСМ Санела Шкријељ.

– Ова не е ништо друго освен уцена од страна на раководството на СОНК, на штета на учениците и наставниот процес. Учениците мора да се вратат на настава, затоа што последиците со кои веќе се соочуваат негативно влијаат не само врз образованиот процес, туку и врз нивниот личен развој. Себично, недозволиво и неодговорно е учениците десет дена да бидат надвор од училишните клупи само заради лични политички агенди на поединци од раководството на СОНК. Правата на децата се над сè и интересот на децата мора да ни биде на прво место. Никој не смее и нема да го нарушува правото на образование на децата и со тоа да ја загрозува нивната иднина рече Шкријељ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

(ВИДЕО) Филипче: Без спроведени реформи нема укинување на техничката влада

СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра