Шкријељ: Правата на децата се над сè, наставниот процес да продолжи

Од:

Правото на штрајк е загарантирано, но загарантирано е и правото на образование на учениците. Како што веќе посочија и Народниот правобранител и УНИЦЕФ, правата на децата се и мора да бидат над сè. Затоа, наставниот процес мора да продолжи, учениците не смеат да трпат последици рече на прес конференција пратеничката на СДСМ Санела Шкријељ.

– Владата предводена од СДСМ веќе подготви конкретно решение а тоа е зголемување на платите во висина од 10 отсто, односно плати повисоки од 2.500 до 3.000 денари по вработен. Освен ова, ќе се отвори и процес за нов општ договор и нова методологија за постојан раст на платите во образованието и детската заштита. Со оваа методологија, висината на платата на наставниците, воспитувачките и негувателките веќе нема да зависи од политичката волја на владите, туку ќе расте согласно методологија. Следува и ново зголемување на платите во време на глобална економска криза, затоа СОНК треба да го прифати предложеното зголемување на платите а децата да се вратат назад во воспитно образовниот процес вели Шкријељ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?