Шкријељ: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да прашаат како со професорска плата се стигнува до милионски имоти

Од:

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ да го прашаат својот претседател како со професорска плата се стигнува до милионски имоти, истакна од собраниската говорница пратеничката на СДСМ Санела Шкријељ.

Пратеничката Шкријељ го цитираше Мицкоски, кој како што рече самиот во едно интервју дека многу тешко се живее и дека бил погоден од инфлацијата, затоа што живеел од професорска плата и едвај скрпувал крај со крај.

– Сите професори и наставници би сакале да знаат како тоа со просечна професорска плата се стигнува до имоти со вредности од милионски суми и во Скопје и надвор од Скопје и како се стекнуваат бизниси кои вредат по 11 милиони евра, нагласи пратеничката на СДСМ Санела Шкријељ.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска