Шкријељ: Ковачки го покажа вистинското, грдо лице на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Драган Ковачевски, со секој негов јавен настап во Собранието го открива најгрдото лице на неговата партија, ВМРО-ДПМНЕ. Ковачки со секој свој настап потсетува на таа нечовечност пред се во редовите на ВМРО ДПМНЕ од времето на Груевски која кога не е осудена од претседателот на партијата па и од нејзините подржувачи станува нејзин белег и карактеристика рече на прес конфренција пратеничката на СДСМ Санела Шкријељ.

– Подлоста, клеветење и нечовечноста никогаш не се сметаат за храброст , за дел од борбеноста и наводната бескомпромиснот со противниците или конкуренцијата. Особено омразата, злобата која ја манифестира Ковачки кон министерката за одбрана, но и на пратеници од ВМРО ДПМНЕ кон други пратенички. Засега сето ова останува неосудувано од неговата партија, нема ниту извинување. Тие методи на примена на психичко и физизичко насилство кон противниците, различните, и инакумислечките, својот врв го досегнаа со насилството и обидот за убиство по влегувањето во Собранието на топлите организирани од ВМРО ДПМНЕ на 27ми април 2017 година. Тој модел на однесување и тоа насилство во политиката ВМРО ДПМНЕ никогаш јавно не го осуди и не се огради од него, вели Шкријељ.

Би можело да ве интересира

Ковачки: Бандата црвена мора да се демонтира до последен, прочка не смее да има

Горан Наумовски

Ковачки: Нашата сила е во заедништвото тоа ќе донесе нови патишта и улици, почисти и поуредени населби, подобри училишта, повеќе можности за младите

Петровска: Секое непостапување во случајот Росица мора да биде казнето!

Ковачки: По она што го видов во службите, ОЈО треба да се „издига на клоци“ ако не покрене обвинение

(ВИДЕО) Петровска: Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ?

(ВИДЕО) Петровска: Потребен е надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност, ние немаме што да криеме