Марина Шкрабало, претседателката на хрватската невладина организација Гонг/платформа 112 во неделното интервју на Радио Слободна Европа, вели дека македонскиот премиер ќе покаже вистиска политичка волја за справување со проблемите во судството ако го смени Jавниот обвинител, кој не спровел целосна истрага за аферата прислушување, вели.
„Јас мислам дека Груевски треба сам да го смени јавниот обвинител ако јавниот обвинител не покрене истрага.Затоа што ако тој не го смени јавниот обвинител кој не покренал истрага, тогаш воопшто не е битно, тогаш тој како премиер, не само како премиер, тука е и парламентот за кој претпоставувам дека гласа за поставување на јавен обвинител, мислам тоа е одговорност на политички актери која треба да ја сносат, мислам на сите во вашиот политички процес. Мислам нормално дека тоа е прашање и за парламентот.
Ние, една политичка партија, без разлика дали има еден или два претставника во парламентот не може да биде ослободена од одговорноста во ситуација кога постојат сериозни индиции дека е дојдено до масовно злоупотребување на овластувања. И тоа е основно прашање на истрагата, сè друго може да се заклучи како – што би било кога би било. Но, неодговорност за истрага јас мислам дека тоа е темелот и за тоа нема за што да се разговара. Јас мислам дека во вакви ситуации, кога се работи за индиции за такво масовно кршење на човекови права, меѓународното ниво треба да биде активирано веднаш, затоа што не можете, Македонија е потписник на европските конвенции за заштита на човековите права, на европските повелби, Македонија е дел од меѓународниот суд за заштита на човекови права и која било друга инстанца, ако тоа вашата власт и вашите институции не го направат, тоа мора да го направи некој друг.
Затоа што целата идеја на човековите права е тие да се заштитени универзално, дека универзално се штитат со меѓународни инструменти. Апсолутно, на тоа можно ниво, да се има вакви грозни индиции за злоупотребување на овластувања кои одат директно против граѓански права, од право на изразување до право на приватност, право на контрола на сопствениот живот, на крајот на краиштата и право на егзистенција, ако станува збор за уценување со работно место, мислам дека е тоа неприфатливо. И тоа ќе биде примарно тест, не само за македонските политички елити, туку и за европските институции, затоа што ако тоа не е услов за добивање на препорака, за отварање на преговарање тогаш целиот тој процес е потполно апсурден“, вели Шкрабало.
Таа потсетува на состојбата во Хрватска и Санадер.
„Се промени кога премиерот Иво Санадер се повлече, тогаш не знаевме зошто, сега имаме само неколку назнаки благодарение на истражувачките новинари дека тоа било под притисок на државите членки на Европската унија, на пример на Германија која не можеше да си допушти повеќе да им влијае на репутацијата да поддржуваат еден премиер кој е заплеткан во меѓународна операција на извлекување на пари од јавни претпријатија и јавни пари за приватни џебови, тоа беше аферата ХИПО, но подоцна му се натоварија и многу други афери.
Знаеме дека во Хрватска имаше извлекување на пари преку лажни ПР агенции од јавни претпријатија и така натаму. Значи, кога тој отстапи под притисок и кога тој многу арогантно и ја предаде власта на неговата заменичка Јадранка Косор, мислејќи дека таа ќе биде негова послушничка, но Јадранка Косор го презеде кормилото во свои раце и рече дека е доста и дека лошо и арогантно се владее и кога таа даде зелено светло институциите да почнат да делуваат независно, тоа брзо се случи. Не зборувам само за судењето на Санадер, во кое тој цело време се обидуваше да докаже дека станува збор за политичко судење, воопшто не се работеше за тоа.
Се работеше во систематски напори за деинсталација на клиентелизмот во процедурите и тоа продолжи, тоа беше начин на работа и модел на избор на судии, поместување напред кое се однесуваше на вистинската антикорупциска политика, вистинска независност на јавниот обвинител. Тоа се страшно важни работи, вие може да видите и денеска дека Јадранка Косор е критички настроена и загрижена што ќе се случи ако дел од ХДЗ кој де факто сè уште не презема одговорност, тоа е партија која има обвинение и пресуда која сè уште не е правосилна, дека таа крадела. Тоа е прв пат политичка партија да е обвинета како крадец.
Тие и натаму не преземаат одговорност и мали се гаранциите дека сè ќе оди во добар правец. Но, јас би рекла дека ако еднаш имате политичка волја, тогаш работите ќе почнат да се случуваат. Но, да не заборавиме дека Хрватска, после промената на власта, со новиот министер Миљениќ, јас би рекла дека во неговиот ресор, ресор за правосудство, е завршена најсериозната работа околу понатамошните реформи во судството. Тој немаше доволно енергија да се занимава со тајната работа на антикорупциската политика и други работи кои се битни, но во оваа област навистина сериозно тргна со реструктуирање на судството, со воведување на различни механизми за разбивање на корупциски ризици, како што се самите судии да си бираат предмети, да имаат контакт со клинетите, начинот на кој функционираше односот меѓу претседателот на судовите и самите судии, значи разбивање на тие феуди. Тоа е навистина многу важно“, вели во интервјуто.