Шир: Канада останува силен поддржувач на членството на Македонија во НАТО

Од:

Канада и Македонија се пријателски земји кои споделуваат исти вредности како посветеност на глобалната безбедност и желбата да се унапреди демократијата, владеењето на правото, религиозните слободи и човековите права. Меѓупарламентарните дипломатски врски се еднавкво важни како оние на ниво на извршната власт, а како посветен партнер во НАТО мисиите официјална Отава ја поддржува евроатлантската интеграција на Македонија.

Ова го истакна во своето обраќање пред пратениците во македонското Собрание претседателот на Претставничкиот дом на Парламентот на Канада, Ендру Шир, кој престојува во официјална посета на Република Македонија.

Тој, меѓу другото, додаде дека Македонија може да биде пример за почитување на малцинставта на културно и религиозно ниво. Воедно, ја поздрави посветноста на Македонија на мултилатерализмот и на регионалниот мир и безбедност, посочувајќи на учеството македонските војници во меѓународните воени сили на НАТО во Авганистан.

– Како дел од мисијата македонските војници стекнаа почит за квалитетот на нивната обука и нивото на професдинализам. Храбрите мажи и жени на вашите вооружени сили донесоа чест за вашата земја и рамо до рамо со нашите сојузници донесоа надеж и безбедност во земјите каде што имаше малку од тоа. Заради ова и мнгу повеќе Канада останува силен поддржувач на членството на Македонија во НАТО. Веруваме дека членството на Македонија во НАТО и ќе ја зајакне Алијансата, и дополнително ќе ја зајакне регионалната стабилност. Светот ја забележа вашата поддршка за меѓународните мировни операции. Се надеваме дека ќе бидеме сведоци Македонија да го добие заслуженото место на масата на НАТО мнгу скоро, рече Шир.

Според него, економската соработка меѓу Македонија и Канада иако е скромна во моментов, има огромен потенцијал за развој. По воспоставувањето на дипломатските односи во 1996 година економските односи, рече, бележат раст, постои простор за унапредување на соработката во областа на инвестициите, а придонес кон ова, оцени, ќе претставува и потпишување на договор за промоција и заштита на странски инвестиции, за кој е покрената иницијатива.

Шир се осврна и на македонската заедница во Канада, која е како што вели, е значаен сегмент на канадското општеството.

– Денес Македонците се енергичен дел од канадското општество зачувувајќи ги нивното културно наследство преку здруженија, цркви, весници и радиопрограми. Канада и Македонија може да се гордеат со квалитетот на нивните односи и пријателство кој се развива меѓу граѓаните двете земји, рече претседателот на кланадскиот Претставнички дом.

Посетата на Македонија Шир ја започна со полагање цвеќе на Споменикот на паднатите херои за Македонија. Тој се сретна со претседателот на Собрание на Република Македонија Трајко Вељаноски, за време на посетата ќе биде примен од македонскиот претседател Ѓорге Иванов, а ќе разговара и со Александар Николоски, претседател на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Канада и членовите на групата. 

Би можело да ве интересира

На 28 мај закажана конститутивната седница на Собранието

Канаѓаните се предупредени: Не користете TikTok

Горан Наумовски

Новиот состав на Собранието треба да се конституира најдоцна 20 дена по изборите

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски