Шиповиќ без одговор дали ќе гласа за 10-катницата на Водно

Од:

Претседателот на советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ пред почетокот на седницата се обрати до јавноста и рече дека работи според Законот и дека нема да гласа за, како што рече, криминалниот проект „Скопје 2014“.

Она што не сакаше да одговори,  Шиповиќ, е дали ќе го поддржи планот за изградба на 10-катница на Водно.

Шиповиќ кажа дека нема да дозволел неговото семејство да биде заложник на политичките игри и дека доколку сакал пари, тоа ќе го сторел на почетокот, кога дошол во општината.

„Јас не подлегнувам на притисоци од ниту една страна и тоа сум го докажал. Работам според Законот и позитивната законска регулатива“, рече Шиповиќ, мислејќи на ДУП-овите, за кои кажа дека има законска обврска да ги стави на дневен ред.

СДСМ уште вчера кажа дека Шиповиќ е под голем притисок за да гласа за ДУП-овите, посебно за изградба на 10-катницата на Водно.

П.П.

 

Би можело да ве интересира

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек