Шимоновиќ: Потребна е истрага за прислушувањето и за инцидентите во Куманово

Од:

Организацијата на Обединетите Нации (ООН) ќе продолжи да и помага на земјата и уште поблиску ќе соработува со сите државни институции, со граѓанското општество, како и со другите меѓународни актери, особено со европските и регионалните организации во насока да обезбедиме помош во справувањето со ситуацијата.

Ова денеска го изјави Иван Шимоновиќ, помошник генерален секретар на ООН за човекови права, кој се наоѓа во посета на Скопје.

– Силно верувам дека е можно да се реши кризата особено ако на неа се работи во рамката на човековите права и подобра заштита на човековите права, нагласи Шимоновиќ.

Според него, решавањето на политичката криза во која се вклучени политичките актери, со посредство и на претставници на меѓународната заедница, треба да се прави не само во Стразбур, туку и во земјата.

Тој го поздрави отворањето на дијалогот меѓу Владата и опозицијата за намалување, како што рече, на тензиите и за справување со кризата. Потенцира дека е неопходно да се прошири дијалогот и да се вклучи и граѓанското општество за градење доверба.

Шимоновиќ оцени дека има потреба од брза, сеопфатна и независна истрага, како за инцидентите во Куманово, така и за инцидентите поврзани со прислушувањето.

На денешната средба со Јавниот обвинител, подвлече Шимановиќ, разговарале за настаните во Куманово, при што бил информиран дека одредени истражни активности се спроведуваат и напредуваат.

– Сметам дека за прашањето со Куманово ќе биде потребна и одредена меѓународна помош, изјави помошник генералниот секретар на ООН за човекови права.

Тој изрази уверување дека продолжувањето со реформите за пристапувањето кон ЕУ, во рамката поврзана со човековите права и нејзините одредници, обезбедува јасен пат по кој што треба да се движи Македонија.

– Согледуваме силна заложба за разновидно и мултиетничко општество подеднакво почитувајќи ги сите човекови права, како и силна заложба за преземање на неопходните реформи за приклучување кон ЕУ, рече тој.

Меѓу другото, нагласи дека треба да се зајакне улогата на Народниот правбранител.

Би можело да ве интересира

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци

Шаини: Лага е дека мојата сопруга сака да ме убие

Горан Наумовски

Уапсена е сопругата на докторот кој вчера беше застрелан во Куманово, напаѓачот е во бегство

А1он

Докторот Шаини кој вчера беше ранет во центарот на Куманово е пуштен на домашно лекување

СДСМ бара оставка од Тошковски, вооружените инциденти покажуваат распад на безбедносниот систем

Горан Наумовски