Шилегов: Во недела изберете развој на Скопје, демократска и отворена власт

Од:

Кандидатот за градоначалник на Скопје од СДСМ Петре Шилегов со видеопорака се обрати на граѓаните на Скопје, масовно да излезат на гласање во недела, на 31 октомври.

„31 октомври, драги скопјанки и скопјани, е денот кога вие одлучувате каков ќе биде нашиот град следните четири години. Вие одлучувате дали заедно ќе продолжиме по патот кој јасно го зацртавме, патот на развојот, демократијата, сигурноста, стабилноста и вистинските приоритети или ќе се вратиме во времето на митови, лаги, страв, закани, криење од јавноста и злоупотреби на градот за приватни цели. Скопје за четири години доживеа целосна промена и тргна во правилна насока. Тоа е она што го нудам во следниот мандат, да го завршиме започнатото и да изградиме европски и чист град со модерен јавен транспорт и квалитетна инфраструктура. Од другата страна се понудија многу празни зборови, но уште поопасно, многу лаги. Лагите и криењето од вас граѓаните не смеат да бидат составен дел политичката култура во Скопје. Бегањето од јавноста, бегањето од дебата и криење на вистината е нешто што сите ние заедно го искоренивме во 2017 година. Криењето на вистината е страв од сопствените граѓани. За жал, тоа деновиве повторно го гледаме во режија на ВМРО ДПМНЕ и нивната кандидатка“, вели Шилегов во своето обраќање.

„Ваквото однесување е неодговорно кон вас скопјани, но и опасно потсетува на време кое верувам дека никој не сака да се врати. Со ова тие потврдуваат дека нема никаква промена во начинот на кој сакаат да го водат градот. Во недела вие избирате помеѓу развојот на Скопје кој го започнавме заедно, отворена и демократска власт или предавање на Скопје на истите луѓе кои со децении го уништуваа и работеа само за свој личен интерес. На 31 октомври излезете и изберете силно и обединето, заедничко Скопје. Изберете напредок, изберете Скопје каде луѓето а не политиката се важни“, потенцира Шилегов.

Би можело да ве интересира

Шилегов: Време е Милошоски да го напушти Собранието, двапати му падна косата до сега

Орце Костов

Запален автомобилот на сопругата на Шилегов: Почнаа да пукаат гумите, одма пријавивме

Кристијан Ландов

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов и СДСМ цел мандат ништо не направија за загадениот воздух затоа Скопје е на врвот на најзагадени градови

Андоновски: Скандалозно е што СДСМ и Шилегов проектирале мостови, а не ја решиле експропријацијата, сега тие мостови завршуваат на приватен имот

ВМРО-ДПМНЕ: Расипникот Шилегов и СДСМ оставија долг од 160 милиони евра на Град Скопје

Шилегов: Извесен е влезот на Алтернатива во Владата, не знам дали ќе се дискутира за оставката на Заев

А1он