(ВИДЕО) Шилегов: Снимките од Собранието ја докажаа вмешаноста на ВМРО-ДПМНЕ во насилството од 27 април

Од:

„Вчерашните снимки од безбедносните камери во холот на Собранието на Р.Македонија го докажаа директното учество на ВМРО-ДПМНЕ во обидот за организирање на терористичко загрозување на уставниот поредок и обид за убиство на дел од пратениците.

Снимките објавени вчера се клучниот доказ дека Никола Груевски постојано лаже. Иако постојано тврдеше дека неговата партија нема ништо со упадот во Собранието, на снимките од надзорните камери јасно се гледа дека најмалку шест пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и еден пратеник од нивната коалицијата, и помагаат и ја поттикнуваат групата во извршување на низа кривични дела.

Ако досега преку проектот Вистината за Македонија граѓаните можеа да слушнат, преку вчерашните снимки, можат и да видат на кој начин функционира ВМРО-ДПМНЕ.

Целата јавност можеше да види кој го планирал, поттикнувал и го организирал упадот на толпата на 27 април.

Срамното и криминално постапување на Марко Зврлевски, неговото обвинителство и извршителите на Груевски во судството се последниот обид за спасување на виновниците за нападот на Собранието. За тоа Зврлевски и партиските судии на ВМРО-ДПМНЕ станува соучесник на нарачателите и извршителите на инцидентот.

Тоа значи дека Зврлевски, судските извршители на Груевски, како и Митко Чавков, пратениците на снимките, структурите од УБК, МВР и АРМ кои учествуваа во нападот, како и нарачателите и непосредните извршители на кривичните дела ќе мора да одговараат за своите постапки пред независни и професионални судови, согласно Уставот и законите на Република Македонија.

Никој нема да биде амнестиран од одговорност без разлика дали е пратеник, полицаец, припадник на АРМ, судија, обвинител или обичен граѓанин. Македонија нема да биде правна држава се додека во целост не биде расчистен организираниот напад во Собранието“, изјави портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра