Шилегов: Скопје надмина 115 км велосипедски патеки, 7 км од нив се на Водно

Од:

Велосипедизмот во Скопје изминативе четири години зема вистински замав. Следејќи го правилото велосипедските патеки задолжително да бидат дел од сите нови сообраќајници што ги гради градот, нивната должина се дуплираше во првиот мандат на Шилегов, но и стандардите на изведбата драстично се подобрија велат од озборниот штаб на кандидатот за грандачалник на Скопје од СДСМ, Петре Шилегов.

Ако до неодамна Скопје имаше 50-ина километри патеки, лоцирани на кејот на Вардар и најшироките булевари (Партизанска, Илинденска, Јане Сандански и Александар Македонски), сега градот има поврзани велопатеки од Ѓорче Петров до Пинтија и Маџари. Со пробивањето на булеварот Христијан Тодоровски Карпош, велосипедската мрежа изби до самата обиколница.

„Работевме на конектори, бидејќи тие ги прават велосипедите функционални. Џабе имавте велопатеки на партизанска и Илинденска, кога немавте начин со точак да преминете од една до друга. Затворањето на Голем Ринг со целосно одвоени велосипедски патеки за мене е многу поважно од квантитетот. Пробивањето на кејот за велосипедите во центарот на градот за мене е многу поважно од колку километри се направиле“ – вели Шилегов.

Бројот на велосипедисти во главниот град е драстично пораснат и тоа е видливо по сите скопски булевари, дури и во зима. Големиот број на топли денови во годината, како и рамниот терен, го прават Скопје град со совршени предуслови за вело метропола. За напредокот на Скопје на ова поле говорат и активистите од соседна Софија кои упатуваат на Скопје како пример како треба да се развива велосипедизмот.

„Развивањето на велосипедизмот не значи само изградба на патеки. Напротив, треба истовремено да се работи и на другите аспекти кои го охрабруваат возењето. Во Скопје денес има неколку стотини нови велопаркинзи, Поделени се над 15.000 субвенции за велосипеди и 600 електрични тротинети, осигурителните компании започнаа да нудат полиси за кражби, го изградивме првиот велоштад под транспортен центар, како и два памптрак полигони за да го популаризираме велосипедот кај младите скопјани“ – додава Шилегов.

Би можело да ве интересира

Шилегов: Време е Милошоски да го напушти Собранието, двапати му падна косата до сега

Орце Костов

Запален автомобилот на сопругата на Шилегов: Почнаа да пукаат гумите, одма пријавивме

Кристијан Ландов

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов и СДСМ цел мандат ништо не направија за загадениот воздух затоа Скопје е на врвот на најзагадени градови

Андоновски: Скандалозно е што СДСМ и Шилегов проектирале мостови, а не ја решиле експропријацијата, сега тие мостови завршуваат на приватен имот

ВМРО-ДПМНЕ: Расипникот Шилегов и СДСМ оставија долг од 160 милиони евра на Град Скопје

Шилегов: Извесен е влезот на Алтернатива во Владата, не знам дали ќе се дискутира за оставката на Заев

А1он