(ВИДЕО) Шилегов: „Скопје 2014“ е закана за граѓаните

Од:

Последните дождови покажаа дека мегаломанскиот проект „Скопје 2014“ станува реална опасност за безбедноста на граѓаните на Скопје и нивните имоти. Во јавноста овој проект се користеше како развој на туризмот во главниот град, но изминативе неколку денови потврдија дека оваа слика не само што не го развил туризмот, туку преставува опасност за безбедноста на целиот град, рече Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

-Состојбата на подрумите на објектите околу реката Вардар јасно покажува дека залудно се потрошени милионските суми за изградба на објектите. Галиите, насипите и градежниот шут на коритото на реката Вардар ја намалуваат проточноста на водата и со тоа сериозно ја загрозуваат заштитата од поплави на Скопје, вели Шилегов.

Тој информираше дека насобраниот отпад во и околу коритото на Вардар се расчистува бидејќи, како што кажа, приоритетна е заштитата кон граѓаните.

-Искуството од само 2 дена врнење покажува што се може да се случи и што е големата опасност која што му прети на Скопје, рече Шилегов.

Таткото на градот пред медиумите изјави дека екипи составени од повеќе надлежни институции утврдуваат протокол дали некои од градбите на „Скопје 2014“ заедно со галиите ќе бидат дислоцирани.

-Градбата на панорамското тркало е стопирана, градот од него нема потреба. Жива среќа е што не е платено, па барем ќе заштедиме народни пари, остатокот од објектите во коритото на Вардар се во процедура.

-Во врска со дислокација на галиите од реката Вардар, во тек е правната постапка и дека во наредните денови надлежните градежни инспекции ќе ги посетат сопствениците на објектите за да се види усогласеноста со решенијата со цел да се одредат понатамошните чекори, рече Шилегов.

Тој надополни дека договорот со градежната компанија „Бетон“ е сторниран, компанијата е навремено платена и дека понатамошната фаза од договорот предвидува поставување на тркалото, а тоа е стопирано.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен