Шилегов: Сите ги признавме изборите, а уште нема примопредавање на власта

Од:

Шест дена претседавате неовластено со конститутивната седница. Во Македонија создаваме многу лоша пракса откако сите парламентарни партии ги признавме изборите, a нема мирно примопредавање на власта, рече Петре Шилегов, обраќајќи се на Трајко Вељаноски.

Тој кажа дека иако има мнозинство, Македонија поради 50-тина криминалци се уште не може да оди напред.

– Ја убиваме демократијата, никој нема против-дебата, меѓутоа е недозволиво да има реплики и контра реплики од пратеници од иста партија. Ако ви е цел уништување на демократијата, кажете веднаш, рече Шилегов.

Тој кажа дека штетата која Шарената револуцуја ја направила е помала од шест милиони евра и обраќајќи се кон Груевски, му кажа дека неговиот братучед за таа сума купил бензински пумпи.

Според Шилегов, програмата која што ја презентираше Заев е единствениот документ според кој ќе се води новата Влада и тогаш пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе имаат можност за реформите, односно да гласаат „за“ или „против“ за законите кои ќе ги предложи владата предводена од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?