(ВИДЕО) Шилегов: Се урна црната кампања за федерализација и кантонизација

Од:

Носителот на листата на кандидати за пратеници на коалицијата што ја предводи СДСМ во 6ИЕ Петре Шилегов, денеска во рамки на предизборните активности придружуван од сопратијците, одржа прес-конференција на градскиот плоштад во Гостивар.

Шилегов се осврна на прозивките на политичките конкуренти дека СДСМ застапува федерализација и кантонизација на Македонија. Нагласи дека СДСМ и коалицијата од Гостивар, на ВМРО-ДПМНЕ и на Никола Груевски сакаат да им соопштат дека нивниот коалициски партнер ДУИ ги урнал сите црни сценарија кои ги пропагираа изминативе денови.

– Паднаа во вода сите лаги, сите интриги, сета негативна кампања за некаква си федерализација и кантонизација на Македонија. Од неговиот коалиционен партнер беше соопштено провидното сценарио, беше соопштено дека УЧК раководи со државните институции и дека албанскиот јазик го воведува во  употребува на целата територија на Македонија, рече Шилегов.

На прес-конференцијата рече дека за десет дена граѓаните ќе ја земат судбината во свои раце и ќе порачаат дека нема да има никаква федерализација и кантонизација, туку ќе има конфискација.

– Од Гостивар порачуваме дека единствена Македонија, сплотени граѓани се нашата иднина и иднина на нашите деца. Тука сме за да го прошириме животот во Македонија, изјави Шилегов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата