Шилегов се сретна со директорите на средните училишта околу почетокот на школската година

Од:

Градоначалникот Шилегов, секретарот на Град Скопје, Викторија Аврамовска Мадиќ и раководителката на Секторот за образование, Даниела Адамова денеска имаа состанок со директорите на сите 23 средни училишта на Градот. На
состанокот се дискутираше за мерките што треба да се преземат во време на коранавирусот за да се обезбедат технички услови за непречено одвивање на онлајн настава која треба да започне на 1 октомври.

Директорите на средните училишта го информираа градоначалникот Шилегов како течат подготовките за почетокот на новата учебна година, а дел од нив и за проблемите со коишто се соочуваат како нестабилен интернет и мрежа, недостиг на компјутери и друга информатичка опрема.

– Во најкраток можен рок треба да проверите со какви капацитети располагате, односно човечки ресурси за да ви ја одржуваат мрежата и какви ви се интернет мрежите. Ви препорачувам да си помогнете со размена на обучен кадар, се со цел да обезбедиме квалитетна онлајн настава. Исто така, сметам дека треба да се подготвите за сите три можни сценарија, односно за онлајн настава, настава со физичко присуство и комбинирана настава – рече Шилегов на состанокот со директорите на СУГС.

Тој додаде и дека работат со луѓето од Министерството за образование и наука, но во овие нови услови на живеење не може да се најде совршено решение и дека сите треба да се обидат решенијата да ги бараат во од за да се заштити
здравјето на децата.

По конструктивната дискусија се донесе заклучок да се одржи уште една средба пред почетокот на учебната година, велат од Градот.

Би можело да ве интересира

Обвинителство: Ja убил партнерката пред петгодишно дете, па сакал да избега

Убиство во Скопје: Си ја уби сопругата, па сакаше да избега во Србија

Горан Наумовски

Во несреќен случај загина возач од Скопје

ОЈО: Гевгеличанец е осомничен за демнење, предложени се мерки за претпазливост

Горан Наумовски

Насилници од Скопје со „бекатонки“ претепале две момчиња

Од 27.600 ученички места за упис во прва година средно образование, 7.900 се слободни за гимназии, а 18.000 во стручни училишта