Шилегов: Се работат сите неопходни сценарија ако има карантин во Скопје

Од:

Не треба да импровизираме кога е Ковидот во прашање, туку да се придржуваме на препораките и барањата што ги има Комисијата за заразни болести, нагласи денеска градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.

Тој, одговарајќи на новинарско прашање дали кризниот штаб размислува за некакви мерки, доколку дојде до ситуација да се стави Скопје повторно во карантин, информира дека се работат сите сценарија што се неопходни. Институционално, вели тој, се надева дека ќе се успее да се воспостави контрола.

– Единствен начин да се заштитиме е да ги почитуваме препораките, меѓу другото и за лична самозаштита, во смисла на носење на заштитна опрема. Мора да научиме да живееме со определени здравствени протоколи од влегување во супермаркети, од влегување во аптеки. Очекувам дека брзо ќе се отворат и градинките, ќе започне новата школска година ќе мора дечињата и таму да се водиме сите под поинаков режим, вели Шилегов.

Во однос на користењето на јавниот градски превоз, градоначалникот вели дека постојано и Јавното сообраќајното претпријатие и Градот бараат од сите патници што влегуваат на протоколите да се придружуваат до мерките.

– Автобусите на мое барање нема веќе да превезуваат непотребен број на луѓе и особено не луѓе кои нема да имаат лична заштитна опрема, едноставно нема да бидат пуштени да влезат во автобусот. Тоа може да создаде определени проблеми, свесни сме за таа категорија, меѓутоа сите мораме да бидеме свесни дека од нашето поведение зависи општата здравствената состојба. Очекувам и информациите што ги добивам од страна на ЈСП е дека за среќа луѓето кои се возат во автобуси претежно ги почитуваат мерките во однос на лична заштита, вели Шилегов, додавајќи дека и возачите и контролорите на службите на ЈПС се луѓето кои се грижат за редот и почитувањето на протоколите.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Скопје се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

(ФОТО) Паднати дрвја низ цело Скопје, ветрот правеше масакр по улиците

А1он

Невреме со силен ветер во Скопје – паднати кровови од згради во Чаир и во Ѓорче Петров

А1он

Мицкоски: Жена парк и улица Македонија кои за сите скопјани будат многу спомени, сега се во состојба во којашто не треба да бидат