(ВИДЕО) Шилегов: СДСМ поднесува кривична против Јанкулоска

Од:

„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија поднесува Кривична пријава против Гордана Јанкулоска.

Постојат сериозни наводи дека Јанкулоска од позициите секретар на ВМРО-ДПМНЕ и министрека за внатрешни работи, во 2006-та година, направила две тешки кривични дела: злоупотреба на службената положба и овластување и затајување данок.

Постојат сериозни основани сомнежи дека кеш пари во висина од 80.000 евра, или две донации за ВМРО-ДПМНЕ од 30.000 евра и од 50.000 евра, противзаконски завршиле лично кај Гордана Јанкуловска“, рече портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

„Донаторот на парите, Загорец Тумбовски, како што извести преку медиумите и лично се обратил со изјава до јавниот обвинител, во којшто го потврдува и објаснува целиот случај.

Очекуваме дека Марко Зврлевски за овој скандалозен случај сега има повисок степен на сомневање.

СДСМ бара од јавниот обвинител Марко Зврлевски да отвори истрага за скандалот во којшто е инволвиран владин функционер. Јанкулоска е 8 години на позицијата министер за внатрешни работи.

Потсетуваме дека Гордана Јанкулоска во овој момент само технички ја извршува функцијата министерка за внатрешни работи.

Постои оправдан страв дека Јанкулоска може да ја напушти Република Македонија.

Затоа, бараме јавниот обвинител да предложи мерка за обезбедување на ова лице, согласно законот за кривична постапка“, вели Шилегов.

Во меѓувреме, очекуваме дека јавниот обвинител низ ефективна процедура ќе направи распит на Гордана Јанкулоска и на Загорец Тумбовски и проценка на останатите приложени докази кон пријавата.

Постојат документи, каса прими, со печат на ВМРО-ДПМНЕ, своерачно напишани и потпишани од страна на Гордана Јанкулоска, според тврдењата на донаторот на парите, Загорец Тумбовски.

Низ истрагата, јавниот обвинител преку графоскопско вештачење ќе може да потврди ракописот и потписот за примените пари е на Гордана Јанкулоска.

Зврлевски има обврска низ истражната постака да утврди дали навистина овие пари ги нема во завршната сметка на ВМРО-ДПМНЕ.

Ако ги нема, дали останале кај Гордана Јанкулоска.

Ако останале, а Гордана Јанкулоска во 2006-та година како министерка за внатрешни работи примала плата, таа била должна примените 80.000 евра да ги пријави како дополнителен приход и за нив да плати соодветен данок.

Но, достапните информации говорат дека Јанкулоска не поднела даночна пријава, а парите ги нема во завршната сметка на ВМРО-ДПМНЕ.

Го потсетуваме обвинителот Зврлевски дека непостапување по случајот е кршење на неговите службени и законски права и обврски“, додаде Шилегов.

Krivicna, G.Jankulovska, 08.05.2014 1

Krivicna, G.Jankulovska, 08.05.2014 2

pari vo kes 1

pari vo kes 2

Би можело да ве интересира

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата