(ВИДЕО) Шилегов: Просечна плата од 30.000 денари, преку развој на малите и средни претпријатија

Од:

Во Тетово, во изборната единица 6, низ разговорот со граѓаните од целата изборна единица, секаде се чувствува потребата за промена, сите сакаат да се случат промените, затоа што трошоците на живеење, животот на луѓето е станат мачен.

Луѓето живеат тешко, токму затоа ние излегуваме пред граѓаните на Македонија, го нудиме нашиот План за живот во Македонија, рече носителот на листата во Изборната единица 6 од Коалицијата предводена од СДСМ, Петре Шилегов.

Влатко Ѓорчев шета низ шестата изборна единица и само тој немајќи што да понуди после десет годишното владеење и пустошење на ДПМНЕ и ДУИ, нуди и зборува за федерализација и двојазичност. Нешто за кое што никој друг во Македонија, освен Никола Груевски и Влатко Ѓорчев не зборуваат.

Во Македонија го враќаме животот! Во Македонија економијата ќе порасне со помош на малите и средни претпријатија, со поддршка во висина од 140 милиони евра, во текот на целиот мандат.

Просечната плата до 2020-та година ќе достигне 30.000 денари, да може секој да ги осети промените коишто настануваат во економијата.

Елабориравме како ќе ги помагаме домашните мали и средни претпријатија коишто се костур на секоја современа европска економија. Како на тие луѓе ќе им помогнеме со цел да вработат што е можно повеќе млади луѓе и со цел да им обезбедиме таков вид на помош што ќе доведе до зголемување на просечната плата и зголемување на минималната плата во Македонија.

Тоа се основните принципи на функционирање на економската програма, да ги помагаме домашните правни субјекти. Оние коишто капиталот го создаваат овде, оние коишто капиталот ќе го остават овде и да ги помагаме на ниво, подобро од она што во моментов се случува.

Луѓето конечно ќе почнат да го живеат својот живот во Македонија. Доста ни е од делбите, доста ни е од поделбите. Во Македонија ќе настане нова промена, ќе настане промена која што ќе ја стори нашата држава современа, европска, демократска, земја во која што граѓаните ќе живеат богат и слободен живот, рече Шилегов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од девет милиони евра, заедно со сите докази

Горан Наумовски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Вториот вработен во фирмата со тендри од девет милиони евра поврзан со УБК на Мијалков и уништувањето на опремата, објави СДСМ

Арсовски бара јавно извинување од СДСМ и нагласува дека нема никаква поврзаност со фирмата „Дигитал оне“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Девет милиони евра тендери за фирма со двајца вработени, отворена пред една година, објави СДСМ

Горан Наумовски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ