Шилегов предлага скалесто поскапување на водата за пиење за РЖ„ Услуги“

Од:

На предлог на скопскиот градоначалник Петре Шилегов советниците во Советот на Град Скопје денеска ќе ја разгледуваат одлуката за зголемување на цената на водата што ЈП „Водовод и канализација“ ја дистрибуира до приватната фирма РЖ „Услуги“ АД Скопје.

– Град Скопје со поранешната „Рудници и Железарница“ Скопје во 1970 година имале склучено договор со кој тогашната „Рудници и Железарница“, а сегашна РЖ „Услуги“, што ги опслужува „Макстил“ и некои други субјекти во комплексот на поранешна „Железара“, не ја наплаќале питката вода. Во Скопје се случува најголемиот апсурд, 27 проценти од водата за пиење да биде користена како техничка вода за ладење на печките на „Макстил“, рече Шилегов.

Шилегов појасни дека сите правни субјекти во Градот на ЈП „Водовод и канализација“ му плаќаат по околу 44 денари за еден кубик вода, а РЖ „Услуги“, односно „Макстил“ и останатите компании во тој комплекс за кубик вода плаќаат 3,5 денари.

– Вакво нешто е недозволиво да продолжи како натамошна пракса. Дваесет и седумте проценти од водата треба да бидат платени соодветно, а најдоброто решение е да си најдат извор на техничка вода, за питката вода да може да ја дистрибуираме до нашите граѓани и корисници, рече Шилегов.

Шилегов рече дека тој и Управниот одбор на ЈП „Водовод и канализација“ предлагаат скалесто покачување на водата со цел да им се овозможи на правните субјекти кои, како што рече, уживале во бесплатното користење на водата да имаат период на адаптација.

Се предлага сегашната цена утврдена за 2018 година да изнесува 11,65 денари, за 2019 – 22,75 денари за метар кубен, за 2020 да биде 34,20 денари и во 2021 да биде изедначена со цената која ја плаќаат останатите правни субјекти во Град Скопје, односно 46,63 денари. Според Шилегов, на овој начин ќе се подобри финансиското работење на ЈП „Водовод и канализација“ кое, како што рече, на некој начин досега било запоставувано.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Да живее слободно Скопје

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Забрана за пиење на водата од пет јавни чешми во Општина Гевгелија

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ