Шилегов: Политички мотивирана иницијативата да не се пуштаат децата на школо

Од:

Иницијативата на „Фејсбук“ преку која родители велат дека нема да ги пуштаат децата во училиште е политичка мотивирана, рече градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

„Моите информации се дека иницијативата е политички мотивирана од ВМРО-ДПМНЕ со цел да се дискредитираат локалната и централната власт во борбата против згададувањето“, рече Шилегов, кој денескa во Скопје учествуваше на „Форум за јавни политики: Интегриран пристап за заштита на квалитетот на воздухот: Унапредување на соработката помеѓу централната власт, локалната власт и граѓанските организации“.

Градоначалникот Шилегов оцени дека децениската апсолутна негрижа кон животната средина, како и масовното сечење на дрвјата, уништувањето на назаштитените подрачја и општо недомаќинско однесување кон природата доведе до енормно загаден воздух.

„Имајќи предвид дека здравјето на нашите граѓани е од најголема важност, намалувањето на загадувањето е приоритет и Градот Скопје во наредниот период посветено ќе работи на низа мерки кои ќе имаат за цел намалување на загадувањето“, рече Шилегов.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош