Шилегов: Полицијата на Никола Груевски утрово повторно демонстрираше терор и насилство

Од:

Како и пред неколку дена, во центарот на Скопје, партиската полиција на Никола Груевски утрово повторно демонстрираше терор и насилство, обвини денеска Петре Шилегов.

– Режимот на Груевски не може да поднесе луѓе кои аргументирано го докажуваат криминалот на семејниот клан на премиерот, рече Шилегов

Ване Цветанов, поранешен директор на Агенцијата за спречување на перење пари, постојано јавно го прозиваше Груевски за штитење на лица од неговото најблиско опкружување за проневера на милонски суми пари на граѓаните на Македонија, обвини Шилегов.

– И нормално, за Никола Груевски, Ване Цветанов е државен непријател. Вождот го прогласи Цветанов за виновен. Притоа, апсењето мора да биде на начин да втера страв во коските на граѓаните. Да не помисли некој да критикува или пак да се спротивстави на неговото височество, додадоа од СДСМ.

– Во Македонија интензивно расте бројот на политички затвореници. Очиглено власта е подготвена да ги преполни затворите со луѓето што и се спротивставуваат. Насилнички гонат, апсат, судат и пресудуваат, лустрираат, казнуваат, рече Шилегов.

Колкаво е злосторството на Борис Дамовски, Горан Стојков, Марјан Маџовски, Ацо Диневски и останатите уапсени лица за да бидат третирани на ваков суров начин, прашуваат од СДСМ.

– Режимот во распаѓање се обидува да зададе конечен удар. Проценката на Груевски е страотно погрешна. Ништо повеќе не може да го спречи неминовното. Заминувањето на оваа разулавена структура од политичката сцена во Македонија, заклучија од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Кризна состојба за покривање на криминалните тендери

СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“

А1он

(ВИДЕО) Фрчкоски до ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат, ќе ја ослободиме Македонија од вашиот криминал!

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ЕУ ја суспендирала ИПАРД 3 програмата поради корупцијата на ДПМНЕ

Горан Наумовски