Шилегов: Поддршка за домашните мали и средни претрпијатија

Од:

Носителот на листата за пратеници СДСМ во Шестата изборна единица Петре ШИлегов денеска пред Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ во Тетово одржа прес- конференција на која ги претстави впечатоците по разговорите со сопственици на повеќе фирми од малото и средното стопанство во градот.

– И по разговорите со граѓаните од Изборна единица 6, насекаде ја чуствуваме потребата за промена бидејќи сите сакаат да се случат промените зашто трошоците за живеење се големи и животот на луѓето е мачен. Излегуваме пред граѓаните и го нудиме нашиот План за живот во Македонија, рече Шилегов.

Според Планот, додаде, економијата ќе порасне со помош на малите и средните претпријатија кои ќе добијат 140 милиони евра, просечната плата до 2020 година ќе достигне 30 илјади денари, а минималната во рок од три месеци ќе изнесува 12.000 и за четири години ќе достигне 16.000 денари.

– Луѓето конечно ќе почнат да го живеат својот живот во Македонија. Доста ни е од делбите и поделбите. Ќе има промена што ќе ја направи нашата држава современа, европска, демократска земја во која граѓаните ќе живеат богат и слободен живот, изјави Шилегов.

Малите и средните фирми, додаде, се костурот на секоја современа европска економија и со нивен развој ќе се придонесе и за вработување на младите, како и нивно задржување тука.

– Еден од главните принципи на нашата економска програма е да ги помагаме домашните правни субјекти што го создаваат капиталот и што ќе го остават капиталот овде. Во ТИРЗ зоните едно работно место чини шест до осум илјади евра и тие инвеститори си заминуваат по истекот на договорот, оставајќи празни хали а луѓето ќе ни останат на улица. Домашните бизнисмени, пак, нашите луѓе, се тие што го создаваат целото богатство и затоа целата концентрација на економската програма на Планот за живот во Македонија е ставен на нив, рече Шилегов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети