Шилегов почна со уривање на првата галија во Вардар, ВМРО-ДПМНЕ го обвинува за предизборен маркетинг

Од:

Првата од 3-те галии во коритото на Вардар, почна да заминува во историјата, објави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на Фејсбук.

„Скопје, една поинаква приказна“ напиша Шилегов, објавувајќи фотографии од галијата која се урива.

Од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, пак, велат дека рушењето на галијата е чист предизборен маркетинг на Петре Шилегов.

„Четири години е градоначалник и две работи по кои ќе биде запамтен е рушење на галијата и засадување на едно сиромашно дрво. А само да потсетиме дека на скопјани им ветуваше подземен тунел под Кале, нови булевари, мостови и паркови. Третата работа која што е поврзана со градење а го има печатот на Петре Шилегов е зградата дивоградба која што ја изгради во време на неговиот мандат во скопски Карпош. Искрено се надеваме дека големата офанзива за рушење на Петре ќе продолжи со неговата зграда дивоградба изградена со парите од украдените пари од тендери. Затоа Петре Шилегов освен тоа што ќе биде запаметен како најнеуспешниот градоначалник и ќе биде меѓу првите кои што кривично ќе одговараат за она што им го направи на скопјани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања