Шилегов: Планот е стационарот Лајка да го отвориме официјално в среда

Од:

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска соопшти дека е предвидено стационарот за бездомни кучиња Лајка да се отвори в среда, доколку никој од вработените кои во моментов се во фаза на тестирање не е позитивен на Ковид-19.

– Планот е да го пуштиме в среда, освен ако не ни се јави некој од тимот дека е ковид позитивен. Се надевам ќе немаме. Објектот е готов, планот беше да го отвориме официјално в среда, прекрасно изгледа, меѓутоа ако пандемијата ни се испречи ќе мора да го одложиме, затоа што седум луѓе што таму во моментот работат сега се во фаза на тестирање, рече Шилегов во изјава за медиумите.

Во однос на грејната сезона и дали Градот има планови како да се спречи загадувањето на воздухот, тој рече дека Градот перманентно работи, чекор по чекор за подобрување на условите за подобар и поздрав амбиентален воздух.

– Не постои начин како вие ќе изготвите план што ќе го спречи загадувњето на воздухот. Постојат перманентни мерки што ги преземате во текот на целата година. Не случајно изминативе две години немавме така екстремно загаден воздух токму заради 27 мерки кои градот претходно ги нема преземано, а сега ние ги преземаме и тие даваат резултати. Јас се надевам дека Регулаторна ќе одговори позитивно на барањето за лиценцирање на Градски енергетски системи за затоплување на домовите со цел поорганизирано да влеземе во затоплувањето на домовите, рече Шилегов.

Прашан согласно ингеренциите, што презема Градот да се спречат настани како викендов со кафулињата кои не се придржуваа до мерките, Шилегов рече дека со Министерството за внатрешни работи, Пазарниот инспекторат и општините во градот Скопје се во координација и вршат засилени инспекциски надзори особено во централното градско подрачје каде ваков тип на девијации се појавуваат. Според него, овој викенд биле изречени над 350 казни за злоупотреба на јавниот простор и злоупотреба на терасите од угостителските објекти.

Би можело да ве интересира

Проект „Градски воз“: Од Драчево до центар на Скопје за 11 минути

А1он

Ако не биде исплатена септемвриската плата, од утре вработените ќе ги блокираат двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“

Арсовска: Мицкоски несреќо, на кого се закануваш?

А1он

ВИДЕО: Скопје се дави во ѓубре, Герасимовски бара итна седница на ЗЕЛС

Мециновиќ: Надежта ќе ја претвориме во реалност, Скопје се разбуди

А1он

Мециновиќ ќе бара ревизија на сите стари договори: Скопје мора да стане град што им служи на луѓето, не на партиите

Предраг Петровиќ