– Негирањето на предлог законот за јазиците од страна на опозицијата е со цел да се добијат дневно-политички поени во пресрет на локалните избори.
Ова е официјалниот став на парламентарното мнозинство во поглед на опструирањето на ВМРО-ДПМНЕ на изгласување на законот.
Според пратеникот на СДСМ, Петре Шилегов, Собранието е влезено во дебата за која е познато во кој правец ќе оди – падот на Груевски.
Тој порача пратениците да не влегуваат во политиканство и да се има визија каде и како треба да се движи државата во иднина.
– Политиканството е за добивање политички поени, се направи баба рога од нешто што не се спомнува, сега се прави баба рога од законот за јазици, а утре ќе ги плашиме граѓаните со некакви сценарија за раздори и меѓуетнички тензии, рече Шилегов.
Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев изјави дека парламентарното мнозинство сака да дебатира за овој закон, бидејќи како што рече, се работи за едно есенцијално прашање.
– Мајчиниот јазик е дословно право на секој граѓанин, рече Тунтев.
Расправата по предлогот за унапредување на законот за јазиците е неизвесно колку време ќе трае, со оглед на големиот број пријавени пратеници за збор од опозицијата.
Виктор Јованов