Шилегов очекува догодина да почне изградбата на тунелите под Кале

Од:

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов очекува во текот на наредната година да почне изградбата на тунелите под Кале за кои вели дека ќе придонесат за новиот изглед и фонкционалност на Скопје.

– Објевен е јавен повик за идејно решение и проектирање на вијадуктот, тунелите под Кале и сообраќајното решение на излезот од тунелите. Очекувам до крајот на оваа година да добиеме доволно квалитетна документација и во текот на наредната година да објавиме тендер за започнување на градежни работи и конечно отпочнување на изградбата на тунелите, рече Шилегов на денешната седница на Советот на Град Скопје посветена на советнички прашања.

Тој нагласи дека проектот за изградба на тунелите е предвиден уште во далечната 1965 година и додаде дека ќе придонесе во голема мерка за зголемување на функционалноста на Градот.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан